По примерот на Гвинет Палтроу и нејзиниот веб-сајт Goop актерката Блејк Лајвли се впушти во претприемнички води и го претстави својата интернет страница preserve.us, водич за животен стил, мода и култура, делумно блог на актерката, но и онлајн продавница во која може да се најдат од модни парчиња до храна и светилки. Првите реакции беа пред неколку дена кога Блејк го објави името на сајтот, Preserve, па повеќете се пошегуваа дека ги потсетува на презервирање зимница, а не нa промовирање модни трендови. Откако конечно се појави на интернетскиот простор, влијателниот The Cut го опиша како веб-сајт за хорор филм од 90-тите. Но, сепак, да ѝ оставиме простор да го претстави својот проект во вистинско светло и да се запознаеме со приказните за облека, храна, модна сцена и за животен стил кои се дел од содржината на Preserve. Впрочем, и самата уште во уводникот нагласува дека не е уредник, не е занаетчија, ниту експерт, сигурно не е арбитер за тоа што да купуваме, носиме или јадеме. Но, дека е „гладна“… Гладна за искуство и нови работи.
Нема коментари