Пејачката Бијонсе и британскиот моден бренд Topshop ќе лансираат заеднички бизнис и нов бренд. Не се работи само за соработка меѓу познат лик и хајстрит-бренд, туку формирање на сосема нова компанија во која и двете страни вложуваат по 50% капитал, а која ќе се фокусира на создавање на облека со спортски и стил инспирирана од уличната мода. Брендот сè уште нема име. Според договорот на Бијонсе и Филип Грин, сопственикот на британската компанија Arcadia која што го произедува Topshop, колекцијата ќе содржи модни парчиња, обувки и додатоци кои покриваат категории на облека за танцување, фитнес и спортски активности. Преговорите меѓу Бијонсе и Грин почнале во февруари годинава, проектот е во фаза на развивање, а првата колекција ќе биде лансирана следната есен. Бијонсе е обожавателка на моделите на Topshop, а има модно-дизајнерско искуство преку модната компанија House of Dereon што пред една деценија ја покрена заедно со својата мајка Тина Ноулс
Нема коментари