Македонскиот Bastet Noir се најде на светската листа на 20 најдобри еко-онлајн платформи според Conscious Living, како единствен сајт од овој дел на Европа што e во изборот. Сајтот е во друштво на Rave En Vert, ASOS Green Room, Modavanti, The Green People, Master and Muse, Еthica, Eco Diva Beaty, Reformation. People Tree (познат по соработката со Ема Вотсон) и други сајтови од САД, Мексико, Австралија, Канада, Хонг Конг и Велика Британија. Bastet Noir го води Даниела Милошеска и во последниве две години на овој сајт се продаваат креации на македонски дизајнери и брендови кои ги следат принципите на еколошка мода, како Јована Филиповиќ, Ивана Кнез, Бобан Илиевски , „Лудус“, Росица Мршиќ, Ирина Тошева, а од неодамна и Антонија Ристовска. Дел од креациите од Bastet Noir се најдоа во познати модни публикавии како Glamour UK, а Даниела исто така развива и сопствен бренд. На својата листа Concious Living ги опишува авторите што се продаваат на Bastet Noir како уникатни источно-европски брендови со млад, секси и панкерски шмек, кои прават креации од рециклирани материјали и со рачна изработка и локално направена роба.
-Conscious Living е наградувана медиумска платформа која се фокусира на промоција на еко-мода, вегетаријанска кујна, луксузни еко-патувања. Платформата е основана од Бјанка Александер која е всушност и креативен директор. Оваа извонредна жена зад себе има огромно искуство во светот на журнализмот, а најголемото нејзино достигнување е „Еми“ наградата која ја добива за нејзината улога како Outstanding On-Camera Correspondent вопрвиот оригинален серијал издаден од Conscious Living TV, Soul of Green. Оваа програма се емитува на Fox/WFLD Chicago, а има за цел да известува за урбаниот оддржлив живот во светот. Токму поради импресивното портфолио на оваа жена бевме пријатно изненадени кога нé сврсти во топ 20 еко-онлајн платформи. Чувството кога ќе добиеш признание за нешто што го работиш со љубов од толку импресивна жена е бесценето и неможе да се опише со зборови. Те стимулира, ти дава енергија и те мотивира да продолжиш да го правиш тоа што го правиш, иако не секогаш е лесно да изградиш нешто од ништо. Тоа значи дека сепак нашата напорна работа, трудот и енергијата која ја внесовме во создавањето на „Бастет Ноар“ во текот на последната година се исплатеше – ни изјави Даниела Милошеска, основачка на брендот и интернет продавницата Bastet Noir. (K.T.)
Нема коментари