Се роди Барби Лагерфелд, со силуета и лик на славната кукла, но облечена во стилот на креативниот дизајнер Карл Лагерфелд. Креаторот сака да се искажува на различни полиња и неретко креира кукли или други продукт-дизајни, а сторијата со Барби преку скица ја најави пред неполни два месеци. Сега го претстави и конечниот изглед на Барби Лагерфелд, куклата што ќе почне да се продава на 29 септември во екот на Париската модна недела. Ќе биде достапна во селектирани бутици на Карл Лагерфелд, во париската концептуална продавница Colette и на интернет страниците на Net-a-porter и на The Barbie Collection, по цена од 200 долари. Има само еден проблем… Произведени се се само 999 парчиња!
Нема коментари