Од 25 до 29 ноември на повеќе локации во Белград ќе се одржи Balkan Art Fashion Event (BAFE), регионален настан на кој повеќе млади дизајнери, познати блогери и стилисти активно ќе учествуваат во ревии, работилници, перформанси и изложби. Главната цел на манифестацијата е запознавање на јавноста со новата генерација на млади модни товрци од Србија и од земјите на регионот. Организаторите на BAFE посебно внимание посветуваат на развојот на оние автори што модата и облекувањето не ја сфаќаат само како една гранка од индустријата, туку и како своевиден уметнички перформанс кој се одвива како на модната писта, така и на улица.
-Во текот на првите три дена од BAFE дизајнери од Италија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија ќе добијат можност на домашните и странските љубители на мода да им ја покажат иднината на нашата модна сцена и каде лежи нејзиниот креативен потенцијал. Ние сме тука да им помогнеме и да ги поддржиме во тоа – изјави Лука Опачиќ, генерален директор на BAFE. Четвртиот ден е посветен на предавање на блогерката Јелена Вишњиќ.
Во програмата на BAFE се дизајнерите Вања Веселиќ и Берислав Ковациќ од Me and the Machine, Андреа Јовановска, Лазар Илиќ од Црна Гора, Валентина Фехер, Марија Дујович, Оља Стојановиќ хрватскиот дизајнер Круно Јендријев. Македонски учесници нема, но настанот може да стане промотивна платформа за домашните млади автори и поради тоа треба да ги следат ваквите манифестации. Повеќе информации за BAFE и програмата на овој линк.
Нема коментари