Австралискиот модел со српско потекло Андреј Пејиќ ја магепса модната сцена пред неколку години со својот волшебен андроген изглед, настапуваше истовремено во машкиот, но уште повеќе во женскиот сектор, а сега конечно се изјасни како трансродова жена во заедничка изјава со организацијата GLAAD.
-Како трансородова жена се надевам ќе покажам дека секој после транзицијата, што понекогаш е спасоносен процес, може да биде среќен и успешен во своето ново поглавје во животот – вели Андреј.
Иако не е првиот трансродов модел во модата, појавата на Андреј често предизвикуваше контроверза, но тоа не му пречеше да биде успешен и да соработува со најголемите дизајнерски имиња како Жан Пол Готје и Марк Џејкобс. Роден во Босна и Херцеговина и пораснат во Мелбурн, Андреј вели дека од секогаш се чувствувал како жена во машко тело. Моделот вчера изјави дека во јануари годинава започнал со операции за промена на полот, а сега се идентификува како жена и името му е Андреја Пејиќ. Отсега официјално моеже ќе му се обраќаме во женски род…
Нема коментари