Компанијата Levi’s најавува враќање на легендарниот модел на фармерки 501 инспириран од жените и од уличната мода, а рекреииран за новите потреби на купувачите, прилагоден и со нова конусна форма. Брендот следеше како фановите на 501-моделот ги носат овие легендарни фармерки, направи промени и го создаде новиот модел 501 CT, прилагоден и со поконусна форма.
-Како изумители на тексас ткаенината и глобалед лидер на џинс, имаме обврска постојано да ги балансираме иконичните стилови со нови и иновативни решенија. Токму тоа го правиме со нобиот модел 501 CT КТ. Ги гледаме блогерите, познатите личности и нашите клиенти како ги прилагодуваат своите Левиски. А тоа го правиме и ние во компанијата. Барања за одредени промени слуѓаме и од купувачите во напите продавници. Идејата за 501 CT дојде токму од барањата на нашите фанови – изјави Џејмс Карли, претседателот на Levi’s.
Оригиналните 501 фармерки се класика на брендот и тие ќе продолжат да се продаваат, но сега ќе биде достапен и новиот модел 501 CT со нова интерпретација на легендарните фармерки. Сега делот околу половината е помалку квадратен, помалку се набрани и се потесни во делот на задникот. Има промена и во должината, дизајнерите забележале дека купувачите сакаат порелаксиран облик на boyfriend фармерки. Сите промени ги тестирале на голем број фанови со различен облик и величина.
Нема коментари