Секој ден во работната недела, од 9 до 17 часот, само со неколку трендовски парчиња може да имате пет различни стајлинзи. Во новата кампања на шпанскиот бренд „Зара“ наречена Monday To Friday претставени се актуелни модели: карирани палта со нагласен волумен, кошули со пруги, панталони со висока половина, здолниште со патент, розов костум и капут со пепито шара. Во понудата има и модели инспирирани од спортската опрема, кои ќе бидат хит претстојната пролет. Сите парчиња може меѓусебно да се комбинираат и да се вметнат во елегатниот и смарт кежуал аутфит, што обично го носите од понеделник до петок на работното место. Боите се исто така универзални и лесни за вметнување во повеќе аутфита: бела, црна, пудресто розова и сива.
Нема коментари