Едно од најелегатните и најженствени модни парчиња, инспирирано од модата во 60-тите, тесното миди здолниште, оваа сезона се враќа освежено со нови трендовски финеси во секојдневната мода. Популарно нареченото молив здолниште, „пишува “ нови стилски приказни во колекциите на хајстрит брендовите. Се јавува изработено од различни, наместа неочекувани материјали, како џинс, мониста, волница, најлон, кожа, винил, крзно, стреч и штоф за изработка на спортска облека. Покрај класичниот тесен модел се среќава и со разиграни форми: на преклоп со врзување или со големи копчиња, со карнер, со набор, со големи патенти и колани и со висока половина инспирирана од кимоното. Шарите се трендовски, а доминираат карираните, гингам коцки, со спортска лента на страна, со точки и микс од неколку принта. Се носи со актуелните плетени ролки, масивни џемпери, кошули со панделка, блузи со ракави со волумен, со карирани палта, маички со натпис и блузони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари