Денеска, кога низ целиот свет се одбележува 8 март, Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална рамнопрвност на жените и мажите, невозможно е да не ги славиме жените насекаде низ светот. Но осми март е секој ден и секој ден ден е важен за борбата на правата на жената. Модната дизајнерка Тори Бирч, испрати порака која одекнува силно не само на 8 март, а за тоа повика повеќе славни жени, но и мажи, да ѝ помогнат. Ана Винтур, Џулиен Мур, Даен Кругер, Гвинет Палтроу, Риси Витерсун, Кери Вашингтон, Крис Пајнс и многу други, во партнерство со фондацијата на оваа американска дизајнерка, го снимија видеото Women were made to be ambitious (Жените се создадени да бидат амбициозни), и во него ги потсетуваат девојките и жените да ги прифатат своите амбиции.
Познатите носат маички со моќни пораки како „Визионерка“, „Силна“, Амбициозна“, „Основачка“, а целиот концепт е инспириран од личното искуство на Бирч како жена- претприемач и има за цел да ги реши негативните стереотипи со кои амбициозните жени се соочуваат во споредба со оние на амбициозните мажи.
Бирч, во кампањата #EmbraceAmbition вклучи и други инспиративни жени кои преку нејзината фондација добиваат потстрек за нивните амбиции и за остварување на замислените карери. Дизајнерката ги охрабрува жените да се заложат во чест на својот амбициозен карактер, но не само еден ден во годината. Како дел од заложбта на Тори, е фактот што таа ќе донира 100% од продажбата на одредени производи за оваа иницијатива.
Нема коментари