Актерката Сиена Милер годинава беше член на стручното жири на Канскиот филмски фестивал, што значеше 12 дена гледање филмови и оценување, ама и 12 дена појавување на црвениот килим пред прикажувањето на филмовите и дотерување за придружните настани и журки. Актерката беше една од најфотографираните и притоа Сиена избра низа на вечерни фустани и коктел комбинации и покажа добро осмислени стајлинзи во духот на европскиот гламур, почнувајќи од отворањето на фестивалот кога носеше тегет фустан од „Ланвин“ па до самото затворање кога се појави во светлосин модел од „Гучи“.
Нема коментари