Во среда, на 29 април, со почеток во 19 часот ќе се одржу модно шоу на дизајнерите Драган Христов од „Лудус“, Елена Спасовска, Марта Мирова од брендот „4 сезони“ и Леуарт Лека. Настанот на кој ќе прикажат колекции за пролет-лето 2015 е најавен во концептуалната продавница за макеоднски дизајн Lotus Design Store, лоцирана во „Скопје сити мол“. Драган Христов препознатлив со својот бренд „Лудус“ ќе ја претстави експерименталната колекција „Орландно“, која е резултат од истражувањето на АГЕНДЕР-БЕЗРОДОВАоблека.Дизајнерката Марта Мирова со нејзиниот бренд „4 Сезони“ ќе ја промовира колекцијата “Мирис” инспирирана од сезонските сензуални мириси.
На ова модно шоу ќе дебитира и дизајнерот Леуарт Лека со колекцијата Limited Urban, а настанот ќе заврши со перформанс на Елена Спасовска, со колекцијата „Математика”, резултат на нејзиниот став дека креирањето на една колекција е математички процес, кој вклучува изработување на пресметани точни кројки и создавање на тродимензионални форми од нив. Колекциите следниот ден ќе бидат достапни за продажба во Lotus Design Store, каде што може да се најдат и новите колекции на Росица Мршиќ, Ирина Тошева и на брендот „Куфер“ на Андријана Динева.
Нема коментари