Парискиот стил е шик и ноншалантен, секси и совршен, но за време на одржувањето на најзначајната модна недела, улиците на градот се претвораат во огромна писта на која се презентира широк спектар на стилови и комбинации. Гостите на ревиите, модните уредници, блогерите, познатите личности се појавуваат во екстравагантни, трендовски, но и доста смирени и практични изгледи. Па така во деновите на одржувањето на Париската модна недела видовме црно-бели комбинации, авангарадни, ама и префинети креации, необични слоевити споеви, неутрални тонови и интензивно црвена боја, минималистички, но и максималистички миксови, парада на впечатливи модни додатоци. Разгледајте ја следнава галерија на инспиративни изгледи.
Нема коментари