Дизајнерката Ивана Кнез има нова колекција наречена Salve, сработена по еко-стандарди и прва од новиот подбренд наречен DL (Drama Lovecats), а која што ја претстави на вчерашното матине во нејзиното ателје „Драма“. Колекцијата е направена со редизајн и рециклирани парчиња, со природни и еко-материјали, и содржи зимски капути, фармерки и џинс-кошули, фустани и маици со сребрени шљокици, наметки од еко-кожа, во палета во која доминираат црната, белата и сината боја. Дизајнерката подбрендот го најавува заедно со паролата It’s your turn to change the world, и вели: „Материјалите се природни, или 3Д принтани и со контролирано потекло Целта на оваа линија е да ја покрене совеста на конзументите во борба против брзата мода. Наменета е за урбани девојки кои гледаат напред во иднината и не се плашат од експерименти“. Еве го првиот поглед на колекцијата, многу скоро следи откривање на новата фотосесија, lookbook со креациите и уште неколку новини.
Нема коментари