Модните следбеници, идните дизајнери, блогерките и #ТОПСИ клиенти од 12 до 14 февруари ќе може да остварат неформална дружба и да испијат кафе со модната креаторка Ирина Тошева во i-bank store на Стопанска банка. Во оваа прилика Тошева ќе има изложено модни додатоци кои ќе може да се купат трите дена од 11 до 18 часот, а периодот од 17 до 18 часот е за модно кафе и средба со креаторката. Секој ден ќе бидат доделени по 10 подароци дизајнирани од Ирина Тошева.
-Поминаа четири години од отворањето на нашата филијала i-bank store па одлучивме во месецот на љубовта да понудиме средба на која домаќин ќе биде #ТОПСИ дизајнерката Ирина Тошева. Постојаните ТОПСИ клиенти треба само да пројават интерес во i-bank store а другите може да се регистрираат веднаш како нови клиенти и да ја искористат акцијата. За заинтересираните кои сакаат и да разменат мислење, добијат совет или да договорат купување на некое “парче” од изложената колекција, Ирина ве очекува од понеделник до среда од 17 – 18 часот во i-bank store на Стопанска банка -велат организаторите на настанот.
Нема коментари