Канадскиот бренд за чевли и модни додатоци популарен и нашиот пазар оствари соработка со дизајнерот Освалд Хелгасон како дел од серијата Aldo Rise. Хелгасон кој работи во Лондон е познат како дизајнер на модерна силуата во која преовладуваат вибрантни бои, графички шари и луксузни ткаенини, стил кој сега се отсликува и во колекцијата чевли и чанти креирана за брендот „Алдо“. Највпечатливи парчиња инаши фаворити од заедничката колекција на „Алдо“ и Хелгасон се чевлите со пруги во интензивни бои и со дебели потпетици, сандалите во неколку бои и со мала платформа, како и еднобојните и шарените чанти со коцкаст облик. Парчињата премиерно беа прикажани на претставувањето на Освалд во рамките на Њујоршката модна недела во минатиот октомври, а наскоро ќе се најдат во селектирани продавници на „Алдо“.
Нема коментари