„Новиот бран“ е темата на која креираа студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и се претставија на традицинална модна ревија. Модното бранување на идните модни дизајнери придвижи различни стилски визии кои реферираат на Nouvelle Vague („Новиот бран“), движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, а студентите ја обработуваа темата под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева.
Нема коментари