Пролетва продолжува доминацијата на животински принт, од леопард до змиски, но се чини дека омилен е оној на зебра. Црно-белите шари карактеристични за зебрата ги има во дизајнерските колекции и кај хајстрит брендовите, а во клубот на модни зебри се вклучија и инфлуенсерските стилски ѕвезди. Зебра шарата веројатно е најсофистираната од животинските принтови, па ја среќаваме во доста шик комбинации. Зебра линиите се отсликаа на разни парчиња на облека и модни додатоци, а некогаш се појавуваат и во други бои. Добро се комбинира со црна облека, златен накит, бели блузи, а оние посмелите зебрата ја мешаат со шара на леопард.
Нема коментари