Откако ги покани Адел, Гвинет Палтроу, Наоми Харис, Заха Хадид, Трејси Емин, Кара Делевињ и Џери Хол минатата пролет да дизајнираат чанти, италијанската модна куќа „Фенди“ продолжува со соработките со славните дами. Овој пат, во хумани цели, соработува со Сара Џесика Паркер, Ријана, Џордан Дан, Рејчел Фајнстајн и Леандра Медин кои исто така креираат чанти со нивен потпис. Со ова модната куќа сака да го одбележи отворањето на својот дуќан во Њујорк. Секоја од петте модни икони ќе даде свое видување на познатиот модел на чанта на „Фенди“, 3Baguette. Новите дизајни екслузивно ќе бидат откриени на коктелот по повод отворањето на продажниот салон, на авинијата Медисон, каде што домачини ќе бидат дизајнерот Карл Лагерфелд, сопственичката Силвија Вентурини Фенди и извршниот директор Пјетро Бекари. Торбите ќе се најдат во продажба на 13 март, а во меѓувреме ќе може да се набават на сајтот, специјално направен за продажба на овие чанти, launch3baguetteauction.fendi.com.
Нема коментари