Под мотото DESIGNERS FOR DESIGNER во сабота и недела (9 и 10 мај), во Lotus Design Store во „Скопје сити мол“ познати македонски дизајнери ќе ги продаваат своите креации со хуманитарна цел. Целокупните средства добиени од продажбата ќе бидат наменети за лекувањето на младата дизајнерка Орнела Јордановска која се лекува од рак на лимфни жлезди. Дадете свој придонес во борбата за живот на талентиранта Орнела со одбирање на уникатно парче од дизајнерите Лидија Георгиева, Тања Кокев, Никола Булески, Ристо Бимбилоски, Ивана Цветковска, Никола Ефтимов, Мила Кадриу, Христина Деспотовска, Роберт Ивановски , Милена Атанасова, Маја Кикириткова, Ненад Секирарски, Тамара Штерјова, Ивана Цветковска и Гордана Вренцоска.
2 Коментари