Со фотосесија за насловната на новиот каталог, деновиве почнаа подготовките за деветто издание на Модниот викенд-Скопје, што ќе се одржи од 1 до 6 април на повеќе локации во метрополата. Главната улога во сесијата ѝ беше доделена на манекенката Валентина Куновска од агенцијата „Подиум“, а фотографиите ги изработи познатиот тандем Ани и Дими.
На фотографиите е претставен новиот имиџ, кој ќе ја следи сезоната пролет–лето 2014 година.
-Во новата сезона Моден викенд-Скопје (FWSK ) ќе ги обедини природата, која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената „Следна природа“- која е апсолутно динамична и непредвидлива. Ова издание ќе ги спои силата на виолетовата и страста на црвената со волшебен букет од интензивни бои и раскошни 3Д-цветови. Во дезените на претстојните пролет и лето ќе не облечат македонските дизајнери чиишто најнови колекции ќе ги видиме на различни локации во Скопје- велат организаторите на најголемата модна манифестација во Скопје.
Продуцент на фотосесијата е директорката на FWSK, Светлана Богова Јовановска, кастинг директор е Ирина Илиевска , а нејзин асистент: Виктор Цветановски. За шминката се погрижи официјалиот партнер за шминка и убавина Cosmo во соработка со Зоран Шурбевски, а за фризурата брендот Rolland во соработка со фризерско студио „Бубе Студио Ин“.
Нема коментари