Верувањето дека со мала промена на фризурата можете да направите голема трансформација во својот стил и во животот, британската актерка Сиена Милер покажува дека е вистинито. Нејзиното враќање на големото плано, по паузата заради раѓање на својата ќерка, значеше и модно враќање, пред сè поради новата трендовска фризура.
Незината боб-фризура со благи кадрици е најголемиот сезонски хит. Со вака пострижената коса таа изгледа урбано, свежо, секси и женствено. Тоа е можеби најубавиот додаток во нејзиниот изглед оваа сезонава, без разлика дали се појавува на црвениот килим или е случајно уловена на улиците на Њујорк, Лос Анџелес или Лондон.
Пред неколку години важеше за британската ИТ девојка, присутна на сите позначајни модни настани, ги красеше првите редови на модните ревии, насловните страници на магазините, се појави како заштитно лице на бројни брендови, а се проба и самата како дизајнерка. Поставуваше нови трендови со креациите, шминката, накиот, модните додатоци и фризурата што ја носеше.
Овој примат го враќа оваа сезона, со низата одлични модни комбинации , кои сега се поженствени, поелегантни и на моменти посмели, покажувајќи ја нејзината модна созреаност. Таа изгледа секси и во плетен фустан, колоритно и во едноставна бела или црна креација. Му дава нова димензија на својот препознатлив бохо-стил, комбинирајќи го со незадолжителна елеганција, каква што се среќава кај влијателните модни блогери.
На доделувањето на „Златен глoбус“ беше една од најубаво облечените актерки. Се појави во бела креација со сребрени додатоци и циркони. покрај одличната фризура, таа избрала само дијаманстки обетки за на цело уво кои му дадоа шик имиџ на стајлингот.
Нема коментари