Жените и девојките со ниска градба често преземаат одредени стилски трикови со чија помош ќе го издолжат телото и ќе изгледат повпечатливо. Тие веројатно имаат повеќе високи отколку рамни чевли, но не секогаш е удобно да се шета со високи потпетици. Треба да избегнуваат облека која им ги прекршува нозете и телото на неколку места, бидејќи така ќе изгледаат уште повеќе ситно и здепасто. За подобра илустрација што е препорачливо да носат, еве шест модни парчиња кои одговараат на градбата на ниска жена.
ШИРОКИ ПАНТАЛОНИ СО ВИСОКА ПОЛОВИНА – Ги издожууваат нозете и ја извишуваат слуетата. Широкиот крој контрира на тесниот струк и ќе ве направи да изгледате повитки.
ПЛАТФОРМИ ВО КОИ МОЖЕ ПОДОЛГО ДА ОДИТЕ/СТОИТЕ – Алтернатива на високите потпетици, ваквите обувки ќе ве извишат и ќе ви обезбедат удобост во чекорењето.
ФАРМЕРКИ СО ЅВОНЕСТ КРОЈ – Тесни во горниот и широки во долниот дел, ова е кројот на фармерки што ќе ви одговара најдобро.
БЛЕЈЗЕР КОЈ НЕ Е ПРЕМНОГУ ДОЛГ, НО НЕ И МНОГУ КУС – Бирајте сакоа и палта кои се со должина нешто над колковите, тие најдобро ѝ ласкаат на силуетата.
БЛУЗИ СО V-ИЗРЕЗ – Овој крој на блузи одговара на малото торзо, најдобро е да купите модели од лесна ткаенина и кои што можат да се носат сите сезони.
МИДИ ФУСТАН – Бирајте фустани кои се со миди должина, ги откриваат листовите и не се премногу куси за да ја пресечат силуетата. Доколку во бутиците миди дожината вам ви изгледа макси, скратетете го фустанот на шнајдер.
Нема коментари