Со видео-презентации прикажани во неколку термини, Stylist.mk ќе понуди стилски совети на првиот саем за мажи „the Gentlemen’s Expo“, што ќе се одржи викендов (24 и 25 февруари) во изложбениот салон на BMW и MINI, М-Кар Македонија. По покана на организаторотна настанот, агенцијата „Боттега Евенти“, уредничките на модниот сајт ќе информираат за трендовите во машката мода и ќе понудат стилски решенија за соодветен џентлменски изглед.
Двата дена со видеата на Stylist.mk почнува официјалната програма. Во сабота ќе може да се погледнат во термините 11.15 – 11.20 и 12.35 – 12.45, а во недела ќе бидат емитувани во 11.15 – 11.20 и во 12.10 – 12.15. Уредничките Катерина Трајановска и Ана Несторовска-Саздовска во периодот пред и по проекциите ќе делат совети и моден консалтинг.
- Во фокусот на „the Gentlemen’s Expo“, кој ќе биде отворен за сите посетители од 10 до 18 часот, ќе бидат мажите и нивниот начин на живот со креирање на нови искуства за посетителите преку интерактивно претставување на машките брендови. Првиот Gentlemen’s Expo му се обраќа на денешниот современ маж и одговара на потребите на неговото модерно живеење и воедно му дава мотив #бидиподобар. Саемот има за цел да ги издвои и презентира на едно место најновите трендови од машкиот свет и претставува идеално место каде мажите ќе се поврзат со брендовите кои ги прават посебни и успешни. На настанот ќе бидат пристуни ексклузивни изложувачи и презентирани брендови од повеќе области кои ги интересираат мажите: премиум возила, уникатни моторцикли, стил на облекување, аксесоари, моден дизајн, очила и часовници, луксузен ентериер, стајлинг на брада и мустаќи, часови по мечување и врзување на вратоврска, дегустација на врвни пијалоци кои се преферирани од мажите, демонстрација на пури, tech гаџети, женски корнер, музика и забава, презентирања и лични приказни од успешни мажи, предавања за машкото здравје, модни совети од професионалци, предавања за џентлменство и како да се оствари правилен деловен и општествен бон тон, готвење за мажи и уште многу други атракции-велат Ивана и Марија од „Боттега Евенти“, со кои деновиве објавивме интервју, што може да го прочитате на следниот линк.
Изложувачи на првиот саем на џентлмени ќе бидат: BMW MINI, Божиновски часовници, Dioptra Couture, Smart Living, Signori, Chivas Regal, Бовин винарија, Maya вода, Farel, Garmin, Duna компјутери, Тимст камини, Acibadem Sistina, Мотоцентар, Valdrin Sahiti, Пикс Плус, Attibassi кафе, American Crew, Berber Shop Popeye. Саемот ќе го поддржат Мечувалечка федерација на Македонија, како спорт во фокус на ова издание на tGE, движењето Distinguished Gentlemen’s Ride Скопје, Академија за протокол на Македонија.
Поддржувачи на саемот се: Modernist catering, Rоyal Art, Електро Неон, Општина Центар, Mariguccha, а во медиумскиот дел: Club FM и City Radio како и веб порталите – Stylist.mk, Friday.mk, Faktor.mk и Женски магазин.мк.
-Нашите џентлмени ќе го посетат #tGE ’18 за да ги идеализираат и персонализираат „добрите работи“ кои ги прават вистински мажи и ќе откријат нови интересни начини како да станат подобра верзија на самите себе.На саемот ќе имате можност да доживеете нови интерактивни искуства, наспроти конвенционални изложбени штандови. Изложувачите ќе ви ја раскажат историјата и приказната која стои позади производот, процесот на неговото создавање и ќе ви демонстрираат како истиот да го употребувате со цел да го збогатите вашето секојдневие. Целна група се мажите +20, но се подразбира дека поканата е отворена и за дамите. Саемот tGE ’18 е од отворен карактер, а влезот ќе биде бесплатен-велат организаторките.
Нема коментари