Фустанот Robe Volante од 1730 година
Институтот за костими при њујоршкиот музеј „Метрополитен“ ја објави темата на новата модна изложба – Masterworks: Unpacking Fashion која ќе одржи есенва и ќе се осврни на историјата на модата низ вековите, со цел да се демистифицира модата и процесот на колекционерство за да биде поразбирлив за сите нас. Помошник кураторката Џесика Реган направи избор од 60 ремек-дела од раниот 18 до денес, фокусирајќи се на аквизиции што музејот ги има направено во изминатите 10 години. Таа имаше тешка работа да ги избере делата од селекцијата од преку 1000 парчиња на оваа тема, во што ѝ помогна Ендрју Болтон, гавниот куратор на Институтот.
Фустанот „Сирена“ на Чарлс Џејмс
Во потрагата по парчиња од „највисок уметнички вредности, се демонстрира еволуцијата на фустанот и на култните дела на дизајнерите кои го сменија начинот на кој ја сфаќаме модата. Она што е ремек-дело значи нешто различно во различни временски периоди. А секој модел што го избравме претставувал иновација во своето време“, вели Реган. Едно парче од изложбата е и фустанот Robe Volante од 1730 година, широк фустан инспириран од неглиже, кој во тоа време бил шокантен за Старата гарда и се сметал за непристоен како уличната мода. Но, тоа е моделот на фустан што служел за основа за развој на Robe Volante Francaise, модел кој бил сеприсутен во 18 век.
Изложбата Masterworks: Unpacking Fashion ќе биде поставена во Центарот за костими Ана Винтур од 8 ноември до 5 февруари следната година. Ќе бидат изложени креации од Том Форд, „Ком де гарсон“, Џон Галијано, Ирис Ван Херпен, Филип Трејси, Марџела, Чарлс Џејмс, „Шанел“, Азедин Алаја.
Нема коментари