Во царството на важни животни ситуации за кои ви е потребна соодветна облека, деловниот изглед е една од најважните, бидејќи не само што на работното место поминувате поголем дел од времето, туку тоа е местото каде што сакате да бидете респектирани, професионални и секогаш дотерани. Деловниот стил е есенцијален дел за секоја професионална жена. За да ви олесниме откривме неколку клучни формули и комбинаци што може да ги носите во канцеларија. Речиси сите од наведените парчиња лесно се комбинираат меѓу себе, со што се зголемува бројот на комбинации, па доколку ги поседувате во својата гардероба, тоа значи дека веќе имате капсулна колекција потребна за секоја деловна жена.
Комбинациите со кошула и панталони или костим од сако и панталони/здолниште се клучни бизнис-парчиња. Но, важно е да се со модернизирани кроеви, исклучително квалитетни и по можност да се менуваат на секои 2-3 сезони. Здолништата треба да се со должина под колена, да се избегнува длабокото деколте, а обувките, без разлика дали се салонки или ниски оксфорд-чевли, треба да се со затворени прсти. Деталите се доста важни, бирајте квалитетна чанта, класични ремени, деликатен накит и свилена марама.
Структуриран фустан без ракави + тенок ремен + кошула
Долго сако + панталони + кошула
Елегантна блуза + здолниште скроено во круг
Горен и долен дел што си одговараат
Сако + кошула + панталони во едноставни кроеви
Кошула + молив-здолниште
Нема коментари