Институтот Pantone како најголем авторитет во областа на боите, пред неколку дена го објави изборот за боја на годината. Поточно, за 2021 година избра две бои, како колективна боја, тоа се Pantone 17-5104 Ultimate Grey, смирувачки тон на сива и Pantone 13-0647 Illuminating, интензивно жолта боја.
Изборот на боја на Pantone се рефлектира во разни делови од нашиот живот – декор, уметност, продукт дизајн, шминка, тема на венчавки, мебел, дизајн на авотмобили… секако и во модата.
Спојот на овие две нијанси – сива и жолта – не е непознат во модата. Можеби не е најчеста комбинација, но вљубеничките во модата знаат како да ги спојат. Во нивните стајлинзи (неколку постарите, но повеќето од годинава), бараме инспирација како двете бои на 2021 да ги носиме во новата 2021 година.
Нема коментари