Меган Маркл, сега веќе војвотката од Сасекс, во моментов е на кралска турнеја во Ирска и заедно со принцот Хари посетија повеќе институции, а направија средба и со претседателот на државата. Војвотката важи за жена со стил и својата елеганција ја покажа и на кралската свадба носејќи софистициран фустан со потпис на „Живанши“. Креации на Клер Вејт Келер за „Живанши“ облече и во Ирска – зелен комплет од блуза и миди здолниште, комбиниран со беж чанта и чевли, како и црн костим со кратко сако. Двете комбинации може да се носат како деловна облека, и потполно го задоволуваат дрескодот на корпоративниот свет.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари