Модниот бренд Зара преку кампањата Into The Classics ја претстави новата лимитирана колекција за оваа сезона, која што е развиена со модната стилистка (и поранешка уредничка на француски Vogue) Емануел Алт. Колекцијата се фокусира на модни парчиња со класичен стил кои се соодветни за секојдневен изглед и лесно се комбинираат меѓу себе – женски костуми, повеќе видови фармерки, сако со тенки пруги, класичен мантил, волнени панталони, џемпер од кашмир, волуменозен капут, кошули, високи чизми и патики.
Нема коментари