Откако модниот свет се препушти на ниски и удобни обувки, како оксфорд-чевли, балетанки или дури и патики, во пресрет на празничните денови и новогодишните забави еве предлози и за ниски свечени чевли. Покрај тоа што ќе изгледате со стил на сите забави, ќе може слободно да танцува до длабоко во ноќта. Модните хајстрит-брендови секогаш нудат колекции на интересни ниски чевли украсени со апликација или штрас, но во последнава сезона забележавме свечени ниски обувки и на модните писти на ревии на познатите дизајнерски имиња и во колекциите на дизајнерите на луксузни чевли како Џими Чу и Маноло Бланик. А сите заедно за оваа зима понудија широк спектар на ниски чевли, мокасини од сатен или кадифе, балетанки со ремче, шпицести модели, свечени чевли со украсни камќиња и разни мотиви. Да, сега може да бидете дотерани и во обувки без високи потпетици.
Нема коментари