По трендот на редењето повеќе прстени на еден прст, многу обетки на едно уво и како и грст часовници и алки на една рака, ова лето се носат неколку тенки златни ланчиња. Ова се покажа како идеална летна комбинација со бохо и романтичните креации, бели кошули, блуза или фустан со голи рамена, но и за поелегантни или спортски варијанти.
Блогерките и влијателните девојки на социјалните мрежи најчесто бираат едноставни модели со дискретни приврзоци (букви, геометриски форми, цветови, животни, ѕвезди, срциња…). Станува збор за две или повеќе златни или позлатени ланчиња со различна големина, кои дискретно го надополнуваат лежерниот имиџ. Нежната комбинација може да ја дополните со некој ѓердан со ситни камчиња или бисери, како и со подебело синџирче. Но, не треба да се претера со редење. Идеални се комбинациите меѓу две и четири модели со различна должина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари