Парчињата накит во минималитички стил и со едноставни форми успешно парира на тенденцијата на масивни и впечатливи ѓердани, алки и обетки која е актуелна во последниве сезони. Но оваа пролет одморете се големите ѓердани, крупните прстени и шарени камчиња со нов накит во минималистички стил и со геометриски форми. Бирајте тенки синџирчиња, деликатни привезоци, нежни мотиви, алки и обетки со едноставни форми. Може да се комбинираат и повеќе парчиња заедно, но важно е да се запази деликатноста и едноставноста на секое парче, како и тоа да се комбинира со урбана и модерна облека.
Нема коментари