Во последните сезони неконвенционалниот накит доминира во модата, како масивни ѓердани, форми на инсекти или бисери прикажни на сосема неочекуван начин, но една пошик варијанта на комбинирање на две различни алки на една рака е она што ви го препорачуваме за престојното лето. Но, различноста не значи некомпатибилност, сепак, треба да постои стилско совпаѓање во однос на материјалите, изборот на метал или стилот на дизајнот. Ако изберете една алка со акцент на голем камен како на пример лапис или корал, тогаш втората нека биде помалку нападна. Едната алка нека биде со помасивен дизајн, втората со потенок изглед. Доколку сакате парчиња накит со органски, скоро недовршен изглед, и двете нека бидат со таков дизајн. За да ви биде појасно, еве неколку илустрации за идеја.
Нема коментари