Една од најпознатите и најуспешни модни блогерки Кјара Ферањи ја промовира новата колекција на чевли со нејзин потпис наменета за саезоната есен-зима 2014/15, а за таа цел сними рекламна кампања во Лос Анџелес. Овој град во кој неодамна се пресели италијанската блогерка ѝ послужил како инспирација во креирањето на новите шик и урбани обувки. Приказната за дизајните за Ферањи започна со неколку ниски чевли украсени со светки и со принт на кармин и црвени усни, а сега се разви во поголема колекција во која се среќаваат спортски чевли, чизми со војнички изглед, класични форми и удобни балетанки.
Нема коментари