Тенденцијата на ангажирање повозрасни успешни жени со став продолжува и во новата рекламна кампања на њујоршкиот дизајнер на накит Алексис Битар, кој ја повика 93-годишната модна икона Ајрис Апфел да ги промовира негови креации заедно со блогерката и актерка Тави Гевинсон. Иако меѓу Ајрис и Тави има возрасна разлика од 75 години, двете дами изгледаат прекрасно во првиот имиџ од кампањата. Двете претставуваат културни и модни икони, со изразена карактерност и необичен моден стил. Фотографиите ги направи Тери Циолис, а стајлингот е на Ариен Филипс. Комплетната кампања ќе се појави во февруари.
Нема коментари