Италијанскиот боден бренд „Фенди“ и дизајнерот Карл Лагерфелд за овие празнични и новогодишни денови предлагаат „птици во рака“ во форма на колекцијата Fendi Qu Tweets. Станува збор за капсулна колекција со оригинални модели на чанти на брендот, како „Багет“, „Пикабу“ и делови од серијата Bag Bugs, кои сега се преправени во нови мотиви со птици и тропски принтови. Лагерфелд кој за модната куќа работи како главен дизајнер уште од 1965 година, во последниве сезони креира духовити чанти и модни додатоци, а оваа колекција направена во пресрет на Божиќ и Нова Година повторно нуди чанти, привезоци и марами во тој дух.
Нема коментари