Откако чантите, јакните, фармерките, блузите и другите модни парчиња добија нов изглед навезени со цветови, оваа пролет ќе се носат и чевли во шари. Обувките збогатени со флорални шари веќе „прошетаа“ на модните писти и на најзначајните модни настани, како дел од стајлинзите на модните куќи за пролет-лето 2017, и во изгледот на највлијателните трендсетерки. Чевлите навезени со цветови може да бидат во класична форма-салонка на висока потпетица, сандали, кожени влечки, балетанки, мокасинки, но најчесто станува збор за чизми до глужд. Тие се баланс меѓу рокерскиот и романтичниот стил, нежен премин од зимски во пролетен амбиент. Се носат со актуелните џинс модели, но може да бидат комбинирани со спортски и елегентни варијанти. Ви нудиме неколку идеи како да ги комбинирате овие обувки во перодниот период меѓу двете сезони.
Нема коментари