Чанта со видлив монограм одамна претставува огромна модна грешка, па наместо чанта со лого на LV, или уште пострашно, фалсификувана чанта со упадлив монограм на некој познат бренд, за оваа пролет изберете колоритна и необична чанта со апликации и привезоци. Да, привезоците за чанта се новиот монограм. Нешто како модни додатоци за вашите модни додатоци.Тенденцијата ја промовираат познатите модни куќи како „Фенди“ и британската дизајнерка на чанти Ања Хајндмарч, а и брендовите за достапна мода нудат модели на чанти на кои се закачени по неколку привезоци, мали торбички, паричници, брошеви за чанта и други детали. Секако, секогаш може да ескпериментирате и сами да да одберете привезоци со интересен мотив и да ја украсите вашата чанта.
Нема коментари