Во лежерен, авантуристички и безгрижен летен стил, со впечатливи бои и романтични форми се креациите од новата колекција на дизајнерката на накит и модни додатоци Маја Kузманоска. Колекцијата наречена „Боемски соништа“ претставува продолжување на зимската линија марами инспирирани од Фрида Кало, чија завршница треба да се случи на почеток на зимата 2018 година за да се направи еден цел круг.
-Како што сугерира името, во самата колекција провејува една силна нота на авантуристички, безгрижен дух отсликан преку еклектичен микс на различни материјали, бои и текстури кои ја доловуваат номадската естетика и претставуваат автентичен племенски знак. Како инспирација при подготовката на накитот и додатоците ги користев прекрасните спомени од минатите патувања и посети на медини скриени во лавиринти, заплеткани и мистериозни сокачиња, развиорени разнобојни ткаенини и килими, неверојатно волшебни и егзотични шари и модели на ориенталниот накит и носии- вели креативката Кузманоска, која по професија е професор по англиски јазик, а нејзино хоби е изработката на хеклан накит и додатоци.
Колекцијата веќе е достапна на сајт за продажба на дизајнерски парчиња: thelittletreasures.blogspot.mk/2017/07/bohemian-dreams-collection.html
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари