Претставена на модната ревија за колекцијата за есен-зима 2014/15 Раф Симонс за „Диор“, создавањето на новиот модел на чанта Be Dior e снимено во двоминутно видео кое го открива процесот на рачна изработка. Чекор по чекор, француската модна куќа открива како создава новата чанта, преку прецизно мерење и обликување на кожата во чанта која се предвидува ќе биде новото иконско парче на „Диор“.
Нема коментари