Tрендовски, актуелни и прилагодливи на повеќе стилови и вкусови се чевлите од новата колекција на брендот за модни додатоци BATA за пролет-лето 2015. Застапени се удобни модели, како балетанки, патики, оксфордки, еспадрили и ниски сандали, како и елегантни модели на високи потпетици. Нијансите се движат од бела, крем, преку жолта, црвена и сина, па се до црни, прилагодени за дневни стајлинзи, кежуал варијанти, бизнис-имиџ и за свечени прилики. Дел од моделите се со принт, а некои и со циркони. Покрај чевлите BATA нуди и широка палета на чанти, марами, паричници, како и чадори за престојната пролет. Чантите, како и чевлите се трендовски и за повеќе изгледи во текот на денот. Застапени се клач , плико и поштарски модел, какои големи патники торби.
Нема коментари