Дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан пред десет години го лансираше сега веќе иконскиот модел на чевли Pigalle, именуван по неговиот омилен париски кварт. Со високи потпетици, благ шпиц и црвен ѓон, овој модел го има во секоја нова колекција на дизајнерот, бидејќи тој смета дека Pigalle не се сезонски чевли, туку чевли кои траат цел живот. „Може да ги носите во зима или во лето, од велур или или од кожа, сјајни или мат. Но, според мене својот максимум на изразување го достигнуваат кога се направени од црна лакирана кожа, поради бојата на ѓонот и прецизноста на дизајнот,“ тврди Лубутан. Во чест на десетте години од лансирањето на чевлите Pigalle, дизајнерот ги кани своите обожавателки и следбенички да покажат како ги носат чевлите преку испраќање на фотографии на „Инстаграм“ со хаштагот #PigalleIs10. Најдобрите ќе бидат објавени на социјалните мрежи на брендот и на Christian Louboutin.com.
Нема коментари