Модната индустрија сè почесто го отвора ковчегот со идеи од минатото, за да најде нов тренд. Еден од можеби најрециклираните парчиња, корсетот спонтано се врати во актуелната секојдневна мода како функционален додаток, но и само како украс. Во своите колекции за есен-зима 2017/17 го пласираа „Прада“ и Викторија Бекам, но на почетокот тоа не беше дочекано како нов тренд.
Но откако почна сè почесто да се јавува како елемент во стајлинзите на познатите модни блогерки и уреднички, моногумина го сфатија посериозно камбекот на корсетите. Веќе најде место во линииите на high street брендовите како „Зара“, „Страдивариус“ и други, а се појавува и во аутфитите на познатите и во модните магазини.
Може да се сретнат различни верзии, од класичен модел со врвци, преку кроеви во вид на маички, повеќеслојни појаси, па сè до изаведби во вид на колан.Трендсетерките често го носат врз фустани, блузи, во комплет со молив здолниште и панталони, с се среќаваат идеи и вез палто, капут или бунда.
Нема коментари