Домашните брендови за урбана и уникатна мода, Hard To Explain и Mikka Design, ќе се претстават на Фестивалот на автентично занаетчиство, денеска од 12.30 до 13.30 во Музејот на македонската борба – Скопје. Катерина Попева и Марија Дацевска, кои стојат зад модниот проект Hard to explain, пред десетина дена премиерно ја претставија новата колекција во своето продажно студио во Старата скопска чаршија. За новата линија користат разни техники на везење. Техника на рачното плетење применета во модерен дизајн – плетена крагња, пак, е застапено во етикетата на Катерина Микрут, Mikka Design.
Целта на изложбата, која е во рамките на Денови на занаетчиството е да се покаже како традиционалните техники на рачна изработка може да се применат во модерен дизајн. Денови на занаетчиството е во организација на Занаетчиската комора на Република Македонија. Манифестацијата годинава е поддржана и од Министерството за култура преку проектот „Со традиционални вредности, низ современата иднина“. Настанот првпат е организиран во 2010 година, како резултат на соработката меѓу Занаетчиската комора на Македонија и германскиот партнер, Занаетчиската комора Кобленц. Традиционлано, и годинава ќе се доделат наградите Занаетчија на годината и Признание за најуспешните.
1 коментар
HARD TO EXPLAIN ја сочинуваат и МАРИЈА ДАЦЕВСКА ,зошто не е спомната ?!!!