Трендот на масивни ѓердани и алки периодов беше малку „нападнат“ од новата тенденција на нежни ланчиња, прстени и тенки алки со едноставен дизајн. Но, креаторите и стилистите предвидуваат дека големите сребрени ѓердани со боемски детали сè уште се актуелни, особено во овој период од годината кога носиме летни парчиња, а се подготвуваме за есенските колекции и новите стилови. Крупни, со сребрена основа, најчесто украсени со безбојни камчиња, креирани во неколку слоеви, овие ѓердани одлично се комбинираат со раскопчана кошула, како стил со кој ќе го заокружите летото. Есенската верзија е да ја закопчате кошулата докрај (може да изберете карирана со што ќе ја задоволите новата модна тенденција) и ѓерданот да го оставите надвор. Дополнете со сако или кожена јакна и имате комбинации за следните есенски месеци. Овие неколку илустративни примери нека ви послужат за инспирација.
Нема коментари