Првпат на овие простори, во рамки на Модната недела во Битола ќе се одржи ТВ фестивал на краток игран филм, во организација на телевизија „Тера“ и Агенцијата за мода, култура и уметност Метрополис – Битола. Фестивалот е реализиран во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА (Скопје). На истиот ќе бидат претставени 13 филмови. Седмото издание на м Модната недела во Битола почнува утре и ќе трае до 13 април во Центарот за култура .
-Од минатата година Модна недела Битола 2014 е засебен проект во склоп на Фестивалот за мода, култура и уметност кој освен мода ќе третира различни видови на уметност (класична и современа) преку: изложби, видео проекции, театарски перформанси и слично. Ова оздание почнува утре (9 април) со ,,Фојаер“ – изложба на фотографии од Иван Коцка Јанчев (Шенжен, Кина) и ,,Огледала“ – изложба на рамки за огледала на атеље за резба „Пердика“ – Битола-вели организаторот, Илија Талев, кој истата вечер ќе ја промовира својата книга „Како да станете модел“, прва и единствена книга во Македонија (и на просторите на бивша Југославија) со ваква тематика.
Ревијалниот дел од Моднатат недела ќе го отвори Никола Петровски (Битола) со колекцијата пролет-лето 2014, а веднаш после неа ќе ја претстави новата есен-зима 2015 колекција. Денот заврува со настапот на Стефанија Насеска (Прилеп) со својата најнова колекција „Револуција“.
-Наредниот ден започнува со миленичката на битолската публика, Славица Котевска (Битола) со својата најнова колекција на вечерни тоалети. Веднаш после неа ќе настапи Катерина Микрут (Варшава, Полска) со колекцијата Cloudy city. За крај за првпат на македонската модна сцена ќе се претстават: Ивана Величковиќ (Скопје) и брендот „3ПИ Позитив“ (Скопје). На последниот ден, 12 април (сабота) ќе биде премиерно претставена најновата колекција на Олгица Ѓоргиева (Скопје) која тука ги започна своите први чекори. Потоа следат два настапи на брендот Л-Дизајн (Битола), најнапред со вечерни тоалети, а потоа со ревија на венчаници. За крај ќе има уникатна можност да се проследи една ревија на фустани инспирирани од амбалажата на најновиот парфем на АВОН – ФЛЕУР. Фестивалот завршува на 13 април (недела) со еден аудио-видео сценски моден перформанс наречен ,,Телографија,, (Авторски низ појавното 6 / ПатемАрт 6) на ликовните уметници Весна Дунимагловска (Битола), Станко Павлески (Скопје) И Ѓорги Крстески (Струга). За време на сите фестивалски денови АВОН ќе имаат и дневни активности како: советување за нега на кожа на лице, специјални понуди, бесплатно шминкање и тестирање со Авон декоративна козметика-вели Талев.
За стајлингот ќе бидат задолжени: фризерскиот салон CООL (Битола), потпомогнат од фризерскиот салон Revolution (Битола) и фризерски салон Кармен Ексклузив Студио (познат како организатор на ,, Hair Fair,, – Битола) кои ќе користат „Диксон“ козметика за коса. За шминката ќе бидат задолжена маке-уп артистите: Елена Атанасоска и Вероника Анастасовска, потпомогнати од Марија Станоевска И Моника Марковска, сите од Битола и Мартина Павлоска од Прилеп, кој ќе шминкаат исклучиво со шминки од најновата палета на колекцијата на АВОН.
По завршувањето на секој моден ден ќе се одржуваат популарните афтерпарти во повеќе локали низ градот како: „Барфлај“, „Дома“, „Порта Џез“ и „Камарите“ и во официјалниот ноќен клуб: „Расчекор“ со познати музички ѕвезди и диџеи како од градот така и од државата.
Медиумски настанот како и секоја година ќе го покрие: ТЕРА Телевизија – Битола со свое импровизирано студио од самиот настан (бацкстаге) преку целиот ден.
Нема коментари