Како повеќегодишна модна уредничка на магазинот Unique, Милена Танаскоска изгради искуство во стилизирање и следење на светските и домашните трендови, а сега на Stylist.mk ги открива топ трендовите за есен-зима 2016/17, потоа кои македонски колекции ѝоставија најголем впечаток, а ни кажа дека таа во својот личен стил сезонава ќе вметне карнери, облека на едно рамо, мониста и крзно.
Избор на топ 5 тенденции за есен-зима 2016/17… Оваа сезона треба да се обрне внимание на деталите, материјалите и изборот на моделите на облеката. Како сезона која е спој на модата од 70-тите и 90-тите, плишаниот материјал, монистата и графичките принтови се најзастапени кај дизајнерите. Од моделите едниот ракав и карнерите повторно доминираат, а закопчувањето од позадината е детаљ кој не смее да се изостави оваа сезона. Крзнените додатоци кај чантите, облеката и шаловите имаат водечка улога во statement парчиња. Додека пак во однос на чизмите имаме дијаметрална спротивност во трендовите од оние што се над колената до оние над глуждовите.
Трендови од новата сезона што ќе ги применам во личниот стил… Дефинитивно оваа сезона стил со кој што сум заразена се карнерите и облеката со едно рамо, тоа мора да се најде во мојот гардеробер. Монистите ми се секогаш омилени за свечените пригоди, па оваа зима ќе можам да ги носам во изобилство, а воедно и сум колекционер на крзнени додатоци за чанти и шалови.
Топ место за шопинг во Скопје… Како топ дестинација во Скопје за шопинг не би можела ништо друго да наведам освен Skopje City Mall каде што може да најдеме парчиња за секојдневна употреба и street style трендовите, додека пак ако сакаме нешто дизајнерско тогаш топло би ја препорачала Wonderlust, концепт продавницата на ул. Македонија.
Најдоброто од македонските колекции…Најдобра колекција која се однесува на престојниот период и доловува дел од светските трендови е колекцијата на Јована Филиповиќ,а покрај неа ја прати и новиот дизајнер Игор Марков.
Топ 5 бјути трендови за оваа есен… Како најголем beauty trend за оваа сезона би го издвоила моментот на glitter lips кои што ги носеше Наоми Кембел.
Дел од изборот на Милена се и следниве креации:
Нема коментари