Модната куќа Claris ја лансира новата невестинска колекција за пролет-лето 2017 во која се спојуваат современиот и класичниот невестински изглед. Новите креации ќе ги задоволат вкусовите на модерните и смели жени кои сепак ја почитуваат и класиката. Дизајнерката Тања Кокев создаде 25 венчални фустани од кои дел се лесни фустани со А-линија, некои се модерни со сирена-силуета, а има и принцес кроеви. Новата колекција Claris Bride ’17 ги предизвикува невестите да се одлучат за лесна венчаница, без стегите на корсетот, но која сепак ја задржува класичната женствена силуета. Како и секогаш големо внимание е посветено на рачната изработка, каде везовите варираат со форма и боја. За промоција на колекцијата направена е фотосесија со фотографскиот тандем Ани и Дими, кои со помош на матирана црна позадина постигнаа вистинска уметничка фотографија.
Claris Bride ’17
Модел: Елена Анѓеловска/ Фото: Ани и Дими/ Шминка: Дарко Мишовски/ Фризура: Дарко Петковски/ Цветна декорација: Fancy Flower Boutique
Нема коментари