Класични, навидум едноставни, со доза на француски стил, комбинациите во црна боја од глава до петици често предизвикуваат поларитет – или ви се допаѓаат или не. Но, сепак има една мистериозност споена со елеганција во црните стајлинзи и нивната способност да се пресликааат во секаков стил. Магичната заводливост на црната боја ги привлекува и оние што не преферираат all black стил. Оваа есен ќе носиме разновидни комплетно црни комбинации, како микс на сако, панталони и ролка, долг лелеав фустан споен со кожена јакна, комбинација финиширана со безвременски црн капут, спортска варијанта со помош на црни старки или Nike патики, стајлинзи со црн џемпер, црни панталони и црни оксфорд-чевли, рокерска варијанта со кожена јакна, црни фармерки и гранџ-чизми, како и деловна комбинација од елегантни панталони со висока пооловина и кошула со едноставен крој.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари