Коко Вејдар, V3PO Витон, Чуи Бирч, Тифани Трупер наместо Дарт Вејдар, C3PO, Чубака и ѕвезден војник се ликовите што се добиваат која ќе се спојат три елементи – мода, носталгија по филмовите од серијалот „Војна на ѕвездите“ и Лего коцки. Новите ликови се дело на Дејл Меј, концептуален уметник од Њујорк, кој во пресрет на снимањето на новата филмска епизода од познатата научно-фантастична филмска серија, направи стилска трансформација на ликовите со помош на Лего коцки и референци на модни брендови. „V3PO (Луј Витон), го има богатството на златото истакнатата софистицираност како карактерот на C3PO, а Чуи Бирч (Тори Бирч), е инспириран од елегантно-боемскиот стил на дизајнерката Тори Бирч. Но, признајте дека мојот Коко Вејдар (Шанел) многу ве потсетува на Карл Лагерфелд! Црна облека, таа софистицирана силуета и двајцата носат исти очила за сонце“, вели Меј. Уметникот исто така открива дека принцезата Леја ја замислува во облека на Жан Пол Готје. Во некоја следна пригода очекуваме да направи верзија и на нејзиниот лик…
Нема коментари